Наши пријатели

Вардарки пред своја публика ќе ги добијат шампионските медали

Ракометарките на Вардар теоретски одамна ја обезбедија третата шампионска титула во домашното првенство, а утре (среда) ќе бидат и официјално промовирани во прваци.

Утре (среда, 20 мај 2015 година) во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ по натпреварот против „сестринскиот тим“ на ЖРК Вардар (почеток во 16 часот), вардарки ќе ги добијат медалите и пехарот за освоеното прво место во домашното првенство.

Во саботата, вардарки ја освоија и титулата во Купот на Македонија.

Влезот на натпреварот во среда е слободен.

фото: www.zrkvardar.mk

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright