Наши пријатели

Вардар СЦБТ повторно во групната фаза од ЛШ

maxresdefault

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ и следната сезона ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионките, и ќе ги избегне квалификациите. Актуелниот трет тим во Европа, сега ќе биде во група на носители.

Од следната сезона ЕХФ ќе воведе промени во натпреварувачкиот систем и во втората фаза и во елиминациите. Од групната фаза 12 екипи наместо досегашните осум ќе напредуваат во втората фаза, каде што екипите ќе бидат поделени во две групи со по шест екипи, наместо по четири. Оттаму првите четири од секоја група ќе го формираат осминафиналето, а победниците од него учествуваат на завршниот фајналфор-турнир.

Промени има и во квалификациите кои ќе се одвиваат во една, наместо во две рунди. Денеска беше одредено и дека квалификации за групната фаза ќе играат осум екипи (Бјасен, Лајпциг, Митјиланд, Минск, Подравка, Раднички, Ференцварош, Серкодак/Далфсен). Ждрепката за квалификациските турнири ќе се одвива идниот петок (26 јуни), а наредниот ден ќе бидат влечени и групите за главното натпреварување.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright