Вардар прв полуфиналист во женскиот Куп на РМ

Вардар прв полуфиналист во женскиот Куп на РМ

Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога и со високо водство во текот на целиот натпревар против Овче Поле СУ, заслужено славеа со убедливи 48-14, за пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција.

Предводени од Сара Ристовска која постигна 14 погодоци и заедно со Кликовац и Човиќ кои искомбинираа уште 22 гола, Вардарки до полувремето имаа водство од 21-7, кое без проблеми го задржаа и зголемија до крајот за конечен триумф од 48-14. Во составот на Овче Поле СУ, најпрецизна беше Јованка Китановска со 7 голови.

[Записник од натпреварот]

Преостанатите три натпревари од четвртфиналето во женскиот Куп се играат во сабота, а се среќаваат:
(14:30) Вардар Јуниор – Пелистер 2012
(14:30) Куманово – Ѓорче
(17:00) Металург – Прилеп

Полуфиналните средби и финалето се предвидени да се играат на 7 и 8 мај 2016.

Инаку, покрај натпреварите од женскиот Куп, викендов ќе се одиграат и натпреварите од осминафиналните групи во Купот во машка конкуренција (Делегирање).

 

Фото: 24 Ракомет

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на