Струшки турнир по 42. пат

Струшки турнир по 42. пат

Познатиот ракометен турнир во Струга годинава ќе се одржи по 42. Пат, со повеќе познати имиња, меѓу кои и Вардар и Металург, најдобрите тимови од Македонија.

Екипите кои оваа година ќе учествуваат на турнирот доволно говори за јачина на турнирот и тоа покрај домашните екипи  домаќинот рк Струга учество ќе земат Металург Вардар, а од странските екипи Унион Спортиве Кретеј од Франција, Санк Петербург од Русија, Металопластика од Србија и Азоти Пулави од Полска.

Поделбата на екипите во групи ќе се знае на една недела пред почетокот на турнирот, кога ќе биде извршена ждрепката. Таа ќе биде полудиригирана, со тоа што сигурно е само дека Вардар и Металург ќе бидат во различни групи, во улога на носители. Бранител на пехарот е Металург.

Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот поддржувач на традиционалните спортски манифестации и поради тоа, оваа година од својот буџет одвои 700.000 илјади денари во насока на поддршка и организација на меѓународниот ракометен турнир “Струга 2014.”

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести