Раководните лица на РФМ во посета на кампот на Кирил Лазаров

Раководните лица на РФМ во посета на кампот на Кирил Лазаров

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г. Живко Мукаетов и Генералниот Секретар, г. Филип Милошевски, го посетија ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ што периодов се одржува во Охрид.

При посетата, г. Мукаетов и г. Милошевски изразија задоволство од начинот на кој се развива проектот, од условите за работа и од растот на бројот на учесници. Мукаетов потенцираше дека учеството на многу наши тренери, сегашни и поранешни репрезентативци, како и селектори на национални репрезентации, претставува голема придобивка за македонскиот ракомет, имајќи предвид дека за време на кампот се реализираа неколку предавања и панел дискусии. Забележано беше и дека е направен сериозен чекор напред во однос на организацијата на ракометниот камп на капитенот на националниот тим, во повеќе области.

Средба со учесниците од Данска
Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов во функција на почесен генерален конзул на Кралството Данска во Република Македонија, оствари средба со дел од учесниците на кампот кои доаѓаат од Кралството Данска, посакувајќи им пријатен престој во нашата земја. Еден од двајцата тренери што партиципираат заедно со учесниците од Данска, Микаел Пализгард, тренер на екипата Ајакс Копенхаген, воодушевен од организацијата и работата на кампот, најави дека следната година ќе учествуваат во уште поголем број.

Слика 1 РФМ

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на