Наши пријатели

Продолжуваат подготовките на Женската Кадетска Репрезентација

kadetki

ВД Селекторот на Женската Кадетска Репрезентација, Јулијана Дамчевска го закажа терминот за продолжение на подготовките пред настапот на Европското Првенство што од 13 до 23 август ќе се одржи во Скопје.

На 20.07.2015 (понеделник) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 08:30 часот, Дамчевска ќе одржи краток собир со ракометарките, а од 09:00 часот предвидено е да почне и тренингот.

[Список на ракометарки]

Женската Кадетска Репрезентација на Македонија (до 17 години), на Европското Првенство што ќе се игра во салите „Јане Сандански“ и „Борис Трајковски“ се наоѓа во групата А со Шведска, Словенија и Чешка.  Првиот натпревар нашите кадетки ќе го одиграат на 13 август против Шведска.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright