Наши пријатели

Преноси во живо од сите натпревари во машката Суперлига

prolet - metalurg Kup polufinale

Сезоната 2015/16 во елитното машко ракометно натпреварување почнува викендов, а покрај преносите од одредени натпревари што ќе се емитуваат на Македонската Радио Телевизија, преноси (live stream) на интернет-страницата на РФМ ќе бидат емитувани од сите средби од Суперлигата.

Првото коло од сезоната почнува во петок од 20:00 часот со натпреварот на кој ќе се сретнат Работнички и Охрид, додека во текот на викендот ќе се одиграат и средбите Пролет – Радовиш, Прилеп – Пелистер и Борец – Металург 2. Колото ќе се комплетира во среда со дуелот помеѓу Вардар Јуниор и Металург.

Сите пет натпревари од првото коло, како и сите останати средби во текот на сезоната од Суперлигата, ќе се емитуваат во живо на следниот линк: http://macedoniahandball.com.mk/?page_id=2219

Распоредот на натпреварите по кола е достапен на: http://macedoniahandball.com.mk/?page_id=888

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright