Конкурс за национална спортска академија

Конкурс за национална спортска академија

Спортската академија по четвртти пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од спортските паралелки во фудбал, ракомет, кошарка и тенис во учебната 2015/2016 година, кои освен во Скопје, ќе бидат распределени и во други градови:

 

  1. Велес – паралелки по ракомет и фудбал
  2. Гостивар – паралелки по ракомет и фудбал
  3. Охрид  – паралелки по ракомет, фудбал и кошарка
  4. Штип  – паралелка по фудбал
  5. Прилеп – паралелки по ракомет и фудбал
  6. Струмица – паралелки по кошарка и фудбал
  7. Битола – паралелки по ракомет, фудбал и тенис
  8. Кавадарци – паралелка по кошарка
  9. Тетово – паралелка по фудбал

 

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг.
За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во три фази:
-Скаутирање од стручни лица
-Селекција од стручен тим
– Последна фаза, тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

На учениците кои ќе бидат примени, а не се од градот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна  Превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици , во согласност со  закон.

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Федерација е следната :

 

За спортските паралелки по ракомет ( Ракометна федерација на Македонија)

 

За градовите : Охрид, Струга и Ресен

Спортска сала при ОУ “ Григор Прличев ” Охрид –  16.04.2015, четврток, 11:00 часот

За градовите : Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Македонски Брод и Крушево

Спортска сала при СОУ “ Ристе Ристески Ричко ” ( населба Точила ) Прилеп – 15.04.2015, среда, 11:00 часот

За градовите : Струмица, Штип, Проиштип, Радовиш, Свети Николе, Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Гевегелија, Богданци, Македонска Каменица и Дојран

Спортска сала при СУЦ “ Димитар Влахов  ”  Струмица – 14.04.2015, вторник, 11:00 часот

За градовите : Скопје, Велес, Куманово и Гостивар

Спортска сала “ Народни Херои ” ( при ФФК ) Скопје – 21.04.2015, вторник, 11:00 часот

За кандидати од сите градови кои го пропуштиле првиот рок за пријавување и оние кандидати од првата селекција на кои ќе треба да им се изврши дополнителен тест

Спортска сала “ Народни Херои ” ( при ФФК ) Скопје – 29.04.2015, среда, 11:00 часот;

 

Контакт за дополнителни информации: Силвана Карбеска 078/276-003 skarbeska@macedoniahandball.com.mk

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МРФ за сезона 2014/2015.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на