Наши пријатели

Кадетите шестопласирани на меѓународниот турнир во Бугојно

1

Кадетската репрезентација на Македонија се пласираше на шестото место на силниот меѓународен турнир што во текот на изминатите четири дена се одигра во Бугојно, Босна и Херцеговина.

Избраниците на Никола Матлиевски и Кристијан Грчевски остварија две победи и три порази во вкупно петте одиграни средби. Во групната фаза, Македонија ја совлада домашната селекција на Босна и Херцеговина, а доживеа порази од подоцна финалистите на турнирот, Словенија и Полска.

Во натпреварите за конечен пласман во кои разигруваа со репрезентациите од другата група, нашите ракометари најпрво го победија Катар, а на крајот загубија од селекцијата на Швајцарија за конечен пласман на шестата позиција.

Резултати:

Македонија – Полска 22-25 (8-10)
Петковски, Кизиќ, Василевски, Димитровски 2, Атанасовски, Кукуловски 1, Стојановски, Димитриоски 4, Петровски 7, Крстески, Јагуриновски 5, Серафимов, Ѓошевски, Арсеновски 3, Атанасовски, Шулевски

Македонија – Словенија 23-32 (9-16)
Петковски, Кизиќ, Василевски, Димитровски, Атанасовски, Кукуловски 4, Стојановски 1, Димитриоски 9, Петровски 3, Крстески 2, Јагуриновски, Серафимов, Ѓошевски 1, Арсеновски 3, Атанасовски, Шулевски

Македонија – Босна и Херцеговина 33-29 (19-17)
Петковски, Кизиќ, Василевски 1, Димитровски 2, Атанасовски, Кукуловски 5, Стојановски, Димитриоски 12, Крстески 7, Јагуриновски 1, Серафимов, Ѓошевски 3, Арсеновски 2, Атанасовски, Шулевски

Македонија – Катар 38-20 (18-13)
Петковски, Кизиќ, Василевски, Димитровски 9, Атанасовски 1, Кукуловски 1, Стојановски, Димитриоски 6, Петровски 3, Крстески 5, Јагуриновски 7, Серафимов, Ѓошевски 2, Арсеновски 1, Атанасовски 1, Шулевски 2

Македонија – Швајцарија 20-38 (10-18)
Петковски, Кизиќ, Василевски, Димитровски 1, Атанасовски, Кукуловски, Стојановски 1, Димитриоски, Петровски 4, Крстески 6, Јагуриновски 5, Серафимов, Ѓошевски 1, Арсеновски 1, Атанасовски 1, Шулевски

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright