Извлечени групите за Европско Првенство во ракомет на плажа

Извлечени групите за Европско Првенство во ракомет на плажа

Репрезентацијата на Македонија во машка и женска конкуренција ќе настапи на Европско Првенство во ракомет на плажа. Европското првенство ќе се одржи во градот Старе Јаблонки – Полска во период од 02-07 јули 2019, а ќе учествуваат 20 репрезентации во машка и во женска конкуренција.

Европско првенство (мажи) извлечени групи:

Група  А: Шпанија, Норвешка, Германија, Турција, Романија
Група  Б: Русија, Данска, Србија, Португалија, Словенија
Група  Ц: Хрватска, Украина, Швајцарија, Италија, Македонија
Група  Д: Унгарија, Шведска, Полска, Франција, Црна Гора

Европско првенство (жени) извлечени групи:

Група  А: Норвешка, Холандија, Хрватска, Романија, Турција
Група  Б: Полска, Франција, Унгарија, Португалија, Кипар
Група  Ц: Шпанија, Италија, Швајцарија, Грција, Словенија
Група  Д: Данска, Русија, Украина, Германија, Македонија

Македонската женска селекција ќе се натпреваруваат во групата Д заедно со репрезентациите на Данска, Русија, Украина и Германија, додека машката селекција ќе ги одмери силите со репрезентациите на Хрватска, Украина, Швајцарија и Италија кои по одржаниот ждреб се наоѓаат во групата Ц.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници