Информација за медиуми

Информација за медиуми

Почитувани,

Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените нормативни акти на РФМ и позитивните законски прописи кои третираат материја надлежност на РФМ.

Во текот на минатиот период по изнесените наводи во јавноста, Ве информираме дека Регистрациониот правилник за играчи кој е јавно достапен нормативен акт на РФМ, под договор се сметаат ракометар/ка кој согласно член 20 точка 5 има потпишан договор (образец на РФМ) помеѓу играчот и клубот со утврдени права и обврски на договорните страни, истиот се заверува од страна на РФМ согласно член 14 точка 6.2 во рок од 30 (триесет) дена по потпишувањето на договорот, доколку истиот не е заверен се смета за невалиден согласно член 14 точка 6.6 од Регистрациониот правилник на РФМ.

Органите и телата на РФМ третираат материја на Договор кој е заверен од страна на комисиите, до колку спортскиот субјект има интерни договори со засегнати страни истите не се во надлежност на РФМ и нема овластување да постапува и одлучува по истите .

Упатуваме апел дека Македонската куќа на ракометот има за цел да го етаблира ракометот во својство на национален спорт број 1, правата и обврските на сите чинители е да делуваат во рамките на своите ингеренции и да се води интензивен меѓусебен продуктивен дијалог. Како национална куќа на ракометот, ние ќе продолжиме да го даваме нашиот максимум во смисол на комплетна логистика, поддршка за развој и одржливост на македонскиот ракомет како и комплетно почитување на нормативните акти на РФМ, како и на сите позитивни законски прописи.

Со почит,                                                                                             

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници