Наши пријатели

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани,

Ве информираме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 12.03.2021 год. донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 ЕУР нето (во денарска противредност) на сениорската машка ракометна репрезентација за извојуваната победа против актуелниот Светски и Олимписки Шампион, селекцијата на Данска, натпревар одигран на ден 11.03.2021 год. во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022, дополнително по објавениот конкурс за избор на Генерален Секретар, Управниот Одбор на РФМ го усвои предлогот на комисијата и на функцијата Генерален Секретар го назначи г-дин Филип Милошевски. 

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright