(Фото) Јуниорките заслужено во финале

(Фото) Јуниорките заслужено во финале

Со одлична игра во второто полувреме, Јуниорскиот македонски состав во женска конкуренција успеа да слави заслужен триумф над досега непоразената Хунедоара од 19-14 и со тоа обезбеди место во утрешното финале.

Избраничките на Јулијана Дамчевска во текот на првото полувреме во неколку наврати губеа и со 3 гола разлика, но на самиот старт на второто полувреме со цврста игра во одбраната брзо направија пресврт за водство кое знаеја како да го задржат до крај.

И покрај тоа што на моменти од второто полувреме Македонија имаше ситуација во која играше со 3 ракометарки на терен поради исклучувањата, нашиот тим во текот на последните 30 минути прими вкупно 5 гола и со победата од 19-14 ја заврши групата на првото место. Голема поддршка на оваа средба нашите јуниорки добија и од јуниорската машка селекција, која порано денеска го осигура првото место на табелата а со тоа и златниот медал од турнирот.

Со овој триумф, нашите јуниорки обезбедија пласман во финалето кое ќе го играат утре против Динамо Брашов, тимот кој во првото коло не совлада со минимален резултат (27-26). Финалето се игра од 16:30 часот по локално време.

DSC_0394 DSC_0422 DSC_0449 DSC_0480

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на