Наши пријатели

Душебаев останува верен на Вардар уште две сезони

dusebaev za RFM

Десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев (22) останува дел од клубот и во следните две сезони. Шпанскиот интернационалец на заедничко задоволство го продолжи договорот и во Скопје ќе остане најмалку до јуни 2017 година.

Сезонава Душебаев е во Топ-10 стрелци во Лигата на шампионите, со 73 постигнати гола, и меѓу трите најдобри во тимот, зад Дибиров и Карачиќ. Алекс настапи на сите 14 натпревари од Лигата на шампионите, и најмногу гола постигна на гостувањето во Полска, кај Висла (10 гола). Во СЕХА лигата играше на 16 натпревари, и постиган 35 гола.

„Вардар го задржува костурот на тимот и за следните сезони, а Алекс е дел од идните планови на клубот. Неговата младост, квалитет и прикажани игри беа причина да му понудиме нов договор, што на наше задоволство го прифати. Се надеваме дека и во иднина ќе биде еден од главните алки во екипата, вели Давор Стојаноски, директорот на Вардар.

Како член на Вардар, Душебаев лани беше избран за најдобар млад играч во светото во изборот на „Хендбол планет“, беше МВП на претходното финале на Купот на Македонија, лани беше номиниран за Ол стар тимот во Лигата на шампионите

Сезонава е избран во Ол стар тимот на СЕХА лигата, неколкупати беше дел од идеалниот состав на колото во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Шпанија стигна до четвртото место на последното СП што се одржа во Катар во јануари годинава.

извор: www.rkvardar.mk

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright