Јуниорите поразени од домаќинот Данска во второто коло од ЕП

Јуниорите поразени од домаќинот Данска во второто коло од ЕП

Македонската репрезентација до 20 години и покрај добрата игра во првото полувреме, не успеа да го изненади фаворизираниот домаќин на Европското Првенство и доживеа пораз од 23-18.

Нашите ракометари добро го отворија натпреварот и постојано во текот на првото полувреме одржуваа водство. Предноста најмногу се искачи до 3 голови (8-5), но сепак во завршницата од полувремето Данска успеа да се врати и да намали на 11-10.

Рано во второто полувреме Данците ја превземаа предноста која ја одржуваа до крајот на мечот. На средината на второто полувреме успеавме да намалиме на 1 гол негатива, сепак веднаш по тоа следуваше подолг период без реализација кој Данска го искористи да поведе со 4 голови. И покрај обидите на нашиот тим да се врати до крајот, Данска го задржа водството за триумф од 23-18.

Ова е втор пораз за Македонија во вториот натпревар на Европското Првенство, но и натаму остануваат отворени шансите за пласман меѓу најдобрите осум на „Стариот континент“. Нашите јуниори во недела се среќаваат со Холандија и доколку успеат да остварат победа од 4 или повеќе голови, а во меѓувреме и Данска ја совлада Норвешка, тогаш Македонија заедно со домашната репрезентација би можела да патува во следната фаза.

Утре на првенството е слободен ден, а последното коло од првата групна фаза ќе се игра во недела. Почетокот на мечот Македонија – Холандија е предвиден за 18:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести