Македонија со победа ги заврши квалификациите за ЕП 2022

Македонија со победа ги заврши квалификациите за ЕП 2022

Сениорската ракометна репрезетација на Македонија во последниот натпревар од квалификациската фаза за пласман на Men’s EHF EURO 2022, забележа победа против репрезентацијата на Швајцарија со резултат 29:28.

Швајцарија имаше водство во поголемиот дел од првото полувреме, а највисоката предност од три погодоци 05:08 во шестнаесетата минута од натпреварот, па 08:11 во дваесет и првата минута. Сениорите со ефикасен напад и поцврста одбрана успеа во крајот на полувреме да го изедначи резултатот 16:16.

Егал натпрева следеше во вториот дел, се играше изедначено, ниедна од репрезентациите не успеа да направи значајна разлика во резултатот. Во четириесетата минута сениорите го превземаа водството 19:18 кое не го испуштија до крајот од натпреварот. Во некоку наврати ракометарите на Швајцарија успеваа да стигнат до гол разлика, но никако не успеаа да стигнат до посакуваниот резултат, на крај средбата заврши со победа за Македонија 29:28.

За Македонија најефикасни ракометари беа Филип Кузмановски и Кирил Лазаров со по шест постигнати погодоци, и Никола Митревски со 16 одбрани, додека за репрезентацијата на Швајцарија листата на стрелци ја предводеше Рубин Лени со девет подоци, потоа Анди Шмид со осум погодоци.

Македонија ќе биде дел од третио шешир во ждребот за Men’s EHF EURO 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Ждребката е закажана за 06.05 (четврток) во 18:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024