Наши пријатели

Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за подготовките за бараж натпреварите против Шведска

Macedonia Women NT

Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, ги објави имињата на повиканите 23 ракометарки од поширокиот список за подготовките пред бараж натпреварите за СП 2017 против Шведска.

Првиот собир е закажан за понеделник, 29 мај 2017 година, со почеток од 10:00 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ:

Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Мирјета Бајрамоска, Теодора Керамичиева, Зорица Десподовска, Дајана Јовановска, Габриела Величковска, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска, Марија Николиќ.

Женската сениорска репрезентација на Македонија, по успехот во Квалификациската група што се играше на Фарски Острови, обезбеди пласман во баражот за пласман на СП 2017, каде за противник ја доби Шведска. Првиот натпревар од двомечот со Шведска ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје на 10 јуни, додека реваншот е закажан за 13 јуни во Истад во Шведска.

Победникот од двомечот ќе обезбеди пласман на Светското Првенство што во декември 2017 ќе се игра во Германија.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright