Наши пријатели

РК Вардар ја одбрани титулата во СЕХА

pishuvame-nova-istorija-povtorno-sme-seha-shampioni-16247

Актуелниот Македонски и Европски шампион, со победа од 26-24 на финалето против ППД Загреб, успеа да ја одбрани титулата во СЕХА лигата и да стане најдобар во историјата на натпреварувањето со четири трофеи.

Избраниците на Раул Гонзалез водеа во текот на целиот натпревар што се играше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, па и покрај тоа што Загреб постојано одржуваше достижна негатива, а во еден момент во второто полувреме успеа и да изедначи, Вардар постојано ја контролираше играта и случувањата на теренот и заслужено стигна до победа од 26-24 вредна четврта титула во СЕХА и втора во низа.

На свечената церемонија по финалето, доделени беа и индивидуалните награди на најдобрите ракометари на Фајнл Фор турнирот меѓу кои имаше и четворица ракометари на Вардар: Арпад Штербик беше избран за најдобар голман, Тимур Дибиров за најдобро лево крило, Илија Абутовиќ ја доби наградата за најдобар дефанзивец, а Лука Циндриќ, покрај наградата за најдобар среден бек, беше избран и за МВП на турнирот.

По успешната завршница на регионалното натпреварување, Вардар продолжува со предизвиците во домашното Првенство и домашниот Куп, како и во Лигата на шампионите, каде во четвртфиналето за противник го има тимот на Кил.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright