РК Вардар 1961 ја одбрани титулата во Македонското Првенство

РК Вардар 1961 ја одбрани титулата во Македонското Првенство

Ракометарите на РК Вардар 1961 со победата против РК Металург од 39:27 во последниот натпревар од Суперлигашкиот Плејоф за сезоната 2020/2021, ја освоија 14-тата титулата во домашниот Шампионат.

На натпреварот што се играше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, гостинскиот тим добро го започна натпреварот имаше и водство од 08:09 во 15-тата минута од натпреварот. Сепак, следуваше серија од 13:0 за РК Вардар 1961 и на полувреме се замина со 21:10 за РК Вардар 1961.

Ракометарите на РК Вардар 1961 без посериозни проблеми го одржаа водството до крајот од натпреварот и славеа со 39:27, и ја освоија 14-тата титула во домашниот Шампионат, односно шеста во низа, со што црвено-црните се зацврстија на првото место според бројот на титули пред Металург и Пелистер кои се изедначени со по 6 трофеи.

Фото: Филип Вирановски (gol.mk)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на