Македонија го совлада Чиле во пријателски натпревар

Македонија го совлада Чиле во пријателски натпревар

Вечерва во СЦ “Јане Сандански” сениорите одиграа пријателски натпревар против селекцијата на Чиле. Нашата репрезентација со победа ја започна 2021 година, краен резултат на натпреварот беше 25:21, на полувреме 15:11 во корист на Македонија.

Воведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, Македонија ја преземаше контролата и поведе со 11-6 по дваесет минути игра. Водството на македонскиот тим не беше загрозено до крајот на првиот дел на полувреме беше 15-11, а Македонија постојано имаше контрола врз резултатот и во второто полувреме.

Македонија-Чиле-2 MAK (rakomet) Makedonija-Chile 05.01.2021-9488

Репрезентацијата на Чиле успеа да се доближи до два гола негатива, но потоа следеше сигурна игра во одбраната и во нападот за на крај натпреварот да заврши со 25:21 за Македонија.

Најефикасни ракометари за националниот тим беа Жарко Пешевски и Марти Серафимов со по 5 постигнати погодоци.

IMG_4431

 

 

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести