Брестовац го објави списокот на Кадети за меѓународниот турнир во Романија

Брестовац го објави списокот на Кадети за меѓународниот турнир во Романија

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави списокот од 17 ракометари кои ќе патуваат за Васлуи, Романија, за настап на меѓународниот турнир за играчи од генерацијата 2000 и помали.

На турнирот што ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември 2017, Македонија ќе одигра натпревари со селекциите на Израел, Белорусија и домаќинот Романија. Точниот распоред на натпревари заедно со времето на почеток на натпреварите дополнително ќе бидат објавени.

Список на повикани ракометари:
Марко Кизиќ, Виктор Василевски, Андреј Петковски, Дејан Џигеровски, Бобан Каковски, Мартин Карапалевски, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Наум Костов, Лазар Ников, Симон Гучески, Глигор Гајиќ, Илија Мелоски, Игор Ѓорѓиев, Кристијан Симоноски, Мартин Мајсторовски, Андреј Митиќ.

Кадетите на крајот на месец октомври 2017 настапија на силниот турнир во Плок, каде играа со домаќинот Чешка, Белорусија и домаќинот Полска. Тој турнир, заедно со турнирот во Васлуи се дел од подготвителниот период за оваа генерација за ЕХФ Шампионатот 2018, односно Светското Првенство 2019 година што ќе се игра во Скопје.

*Фото: Момент од затворањето на турнирот во Плок (30.10.2017)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на