Чешка противник на Македонија во баражот за СП 2017

Чешка противник на Македонија во баражот за СП 2017

Машката ракометна репрезентација на Македонија преку бараж натпревари против селекцијата на Чешка ќе се обиде да стигне до трето учество по ред на Светските Првенства. Натпреварите ќе се играат во јуни.

Пласманот во втората фаза на ЕП во Полска, ја вклучи нашата репрезентација помеѓу носителите во баражот, што подразбира и дека вториот натпревар од двомечот против Чешка ќе го играме во Скопје. Светското Првенство 2017 година ќе се одржи во Франција, а Македонија ќе се обиде да обезбеди место на финалниот турнир трет пат по ред по учествата во Шпанија 2013 и Катар 2015, односно вкупно петти пат во историјата (Македонија настапуваше и на СП 1999 во Египет и СП 2009 во Хрватска).

Репрезентацијата на Чешка е добро познат противник за нашиот состав, а токму против оваа селекција нашите ракометари се сретнаа и во квалификациската група за ЕП 2016, кога на гостински терен се играше нерешено 24-24, додека во Скопје, Македонија славеше со 32-28. Првиот натпревар од баражот за СП ќе се игра во периодот од 10 до 12 јуни годинава, додека реваншот е предвиден 7 дена подоцна во нашата земја.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на