Академците пристигнаа во Брашов. Меѓународниот турнир почнува утре

Академците пристигнаа во Брашов. Меѓународниот турнир почнува утре

Вкупно 98 млади ракометари и ракометарки кои се дел од Националната Спортска Академија од денеска се во Брашов, Романија, каде утре во конкуренција на уште 32 екипи официјално ќе го започнат настапот на силниот ЕХФ меѓународен турнир.

Турнирот чиј домаќин е Брашов ќе трае до недела, а во текот на наредните денови, Македонија ќе ја претставуваат вкупно седум екипи од генерациите 1997, 1998, 1999 и 2000, односно четири екипи во машка и три во женска конкуренција. Според предвидениот распоред на натпревари, секоја од екипите ќе одигра по минимум еден натпревар во текот на секој натпреварувачки ден, а за последниот ден од турнирот, во недела, закажани се и полуфиналните и финалните елиминациски средби кои ќе го одредат конечниот пласман на екипите.

Натпреварите се играат во три спортски сали, а првите кои ќе ги играат нашите екипи ќе почнат во утре (среда, 26 август) во 09:00 часот по локално време. Вечерва за младите ракометари и ракометарки ќе биде наменета за одмор и релаксација по патот, додека тренерите и членовите на стручниот штаб, преку закажаниот технички состанок со тренерите од останатите екипи, ќе имаат можност да разменат искуства и да поразговараат за начините на обука на младите спортски таленти од овие генерации.

DSC_0005

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на